Maktrening

  • Increase font size
  • Default font size
  • Decrease font size

super zgodni2

ДИЕТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Е-пошта Печати PDF

Оваа диета има за цел, покрај намалување на вишокот на килограми, да доведе и до промена на метаболизмот во организмот, со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат и организмот функционира со променет метаболизам.

Диетата трае 90 дена а за тоа време може да се озлабне 18-25 кг. Ако е потребно намалување на помалку килограми, диетата може да се прекине, но тогаш не може да дојде до промена на метаболизмот.

ПОЈАДОК: СЕКОГАШ Е ИСТО, СИТЕ 90 ДЕНА, САМО ОВОШЈЕ

Овошјето се јаде во пар (2 јаболки, 2 крушки, 2 портокала) или дланка ситно овошје.

Диетата секогаш започнува со протеински ден и после овошниот

ден продолжува со протеински ден.

РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА

ПРВ ДЕН - ПРОТЕИНСКИ ДЕН

РУЧЕК: Пилешко месо во количина од 2 хотелски шницли, 1 парче леб, салата во неограничени количини и за крај 2 дкл (шоља) супа без тестенини. Месото може да се зготви на било кој начин, варено, печено, или пржено на маслиново масло. Супата задолжително мора да се испие.

Месото може да се замени со 3 јајца варени или печени.

Само овој ден може да се јаде сирење, млеко, јогурт и млечни производи, но во помали количини.

ВЕЧЕРА: Исто што и за ручекот само половина порција, без супа. Треба да се води сметка, ако за ручекот било месо, мора и за вечера, ако биле јајца мора да бидат јајца и за вечера. Ако во оброкот се додава сирење, треба да се намали од месото или од јајцата за количината на сирењето.

ВТОР ДЕН - СКРОБЕН ДЕН

РУЧЕК: Грав, грашок, боранија, леќа, ориз, компир (задолжително варење со додатоци на зачини сол, вегета, бибер, кечап, доматен сос, оригано), 1 парче леб и салата во неограничени количини. Спремате голема порција за ручек (длабока чинија за чорба, голема плитка чинија за варена/печена храна)

ВЕЧЕРА: Истото што и за ручек, само половина порција.

ТРЕТИОТ ДЕН - ЈАГЛЕХИДРАНТЕН ДЕН

РУЧЕК: Варена паста (макарони, шпагети, јуфки, тарана) со додатоци на зачин. Пица само со кечап, или било кое солено тесто, во количина како една пица во пицерија.

ВЕЧЕРА: Две помали парчиња торта или 3-4 парчиња колачиња или 3 кугли сладолед. Задолжително да се јаде 1 штангла чоколадо за варење.

ЧЕТВРТ ДЕН - ОВОШЕН ДЕН

РУЧЕК И ВЕЧЕРА: Мешано овошје.

Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да содржи ВОДЕН ДЕН, кој секогаш доаѓа после овошниот ден, а после него се продолжува со протеинскиот ден. Кафе и чај може да се пијат во неограничени количини, само без шеќер.

После завршената диета од 90 дена се јаде нормално, со тоа што за појадок останува задолжително овошјето, барем уште 90 дена. Ако во наредните три месеци, од завршувањето на диетата намалите 3 кг., тоа значи дека дошло до промена на метаболизмот, а ако не намалите ништо, диетата треба да се повтори по 90 дена.

Доколку е потребно да се намалат повеќе килограми, диетата не смее да се продолжи едно по друго, мора да се направи пауза од 3 месеци.

Доколку е потребно да се намалат помалку килограми, диетата може да се прекине по два месеци.

Изгледа комплицирано но всушност не е. Количината на храна е поголема од вообичаената што секојдневно ја внесуваме, а сепак без оглед на тоа килограмите се намалуваат. Се случува првите 10 дена до еден месец од диетата да не се намалат килограми, тое не треба да ве обесхрабрува, затоа што потоа наеднаш може да се симнат 3-4 кг.

Во текот на диетата ништо не смее да се прескокнува, затоа што секоја намирница има своја намена без која организмот не смее да остане. Не е вообичаено за појадок да јаде овошје, но затоа организмот најпрво од него го искористува интегралниот шеќер кој го хранинервниот систем, или пак чоколадата, таа спречува алергии кои се присутни токму при држење на диетите.

Препорачливо е, на половина од држење на диетата да го исконтролирате крвниот притисок и крвната слика. Сите кои ја држеле оваа диета намалиле најмалку 10 кг. без било какви здравствени проблеми. Луѓето кои патат од зголемен крвен притисок, само после неколку недели од диетата, немаат потреба од користење лекови.

 

 

 

 

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер